Со двата распродадени новогодишни концерти Филхармонија ја заокружува годината

Од:

Македонската филхармонија годината ќе ја заокружи со двата новогодишни концерти кои се распродадени уште пред неколку недели. В сабота со почеток во 12 часот премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска.

„Годината ќе ја испратиме со прекрасната музика од славните класични композитори и со сосема нова новогодишна бајка за деца – која е инспирирана од познатата бајка „Девојчето со кибритчиња“ од Ханс Кристијан Андерсен.
Ова е приказна која не потсетува на среќата, на убавината и добрината, но и на тагата и на несреќата. Всушност, зборува за сите оние работи за кои треба да бидеме свесни, а особено за хуманоста – да помагаме, да бидеме благородни и доблесни. Пораката која овој новогодишен концерт ќе ја испрати до најмладите е дека во светот има деца и семејства кои се сиромашни, има деца коишто се гладни и боси, а на кои, секој од нас, колку што може и умее, треба да најде начин да им помогне“, велат од Филхармонија.

На 28 декември (четврток) со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи и традиционалниот новогодишен концерт „Одбројуваме“ кој годинава ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија, а како солистка ќе настапи сопранистката Наде Талевска. На програмата се дела од Чајковски, Хименез, Пучини, Моцарт, Сен-Санс и безвременскиот Штраус.

Би можело да ве интересира

Stefani & The Upper Room: Госпел концерт што носи порака на надеж и вера

А1он

„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија за настраданите од Кочани

Македонска филхармонија доби поддршка од колегите од Белградска филхармонија

„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје!

А1он

„Имате ли ритам“ – концерт за деца на Македонската филхармонија