Скопскиот дувачки квинтет ја импресионираше Виена

Од:

Скопскиот дувачки квинтет во состав Марија Јакимовска-флејта, Васил Атанасов-обоа, Ристо Ѓоревски-кларинет, Александар Гошев-хорна и Марјан Милошевски-фагот настапи на сцената на катедралата „Св. Ана“ во Виена.

По настапот квинтетот беше вратен на бис и продолжи со композиции што не беа предвидени во програмата. Посебен интерес предизвикаа делата на македонските автори Љубомир Бранѓолица (композиции на фолклорни теми) и Глигор Смокварски (Тешкото, фрагмент од балетот „Македонска историја“). Освен нивните дела, беа исполнети и композиции на Хајдн, Фаркаш, Лиадов, Бизе и Штраус.

Настапот го организираше Амбасадата на Република Македонија во Австрија, а за значењето на културната размена меѓу двете држави говореше македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов.

Во публиката покрај членовите на дипломатскиот кор, присуствуваше и апостолскиот нунцие, епископот д-р Петер Штефан Цурбриген.

Покрај настапот во катедралата „Св. Ана“, Скопскиот квинтет настапи и во просториите на Македонската културна заедница во Виена.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ