„Скејтањето не е за девојчиња“ го отвора 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Од:

Со проекција на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, копродукциски проект во кој кинематографер е Фредерик Нуаром, вечер во Битола се отвора 47. издание на фестивалот на кинематограферите од светот „Браќа Манаки“.

Годинава фестивалот ќе има најголем број на акредитирани гости, но и најголем број на филмови кои ќе бидат емитувани на филмското платно, најавија од ИФФК „Браќа Манаки“.

-Фестивалот го почнуваме со македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“, во програмата мак-поинт ќе има повеќе од 15 македонски филмови, во кратката програма има македонски филмови, а на 25 септември фестивалот ќе заврши со македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ и кинематограферот Дејан Димески. Тоа за нас, а верувам и за публиката е, и ќе биде големо задоволство, истакна во пресрет на вечерашното свечено отворање на фестивалот, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Тема на визуелниот идентитет на годинешното издание на фестивалот е „Ткајачи на филм“, изработена од уметницата и графички дизајнер Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“.

Би можело да ве интересира

Златна камера 300 за данскиот кинематографер Дан Лаустсен на „Браќа Манаки“

ИФФК „Браќа Манаки“ ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело на Дариус Конџи

Дариус Конџи добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. ИФФК „Браќа Манаки“