Се прават напори манастирот во Матејче да биде прогласен за културно наследство во опасност, вели Стефоска

Од:

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска изјави дека е во интензивна комуникација со надлежните институции за манастирот во Матејче наскоро да биде прогласен за културно наследство во опасност.

За таа цел, како што посочи, се прават чекори согласно Законот за културно наследство односно се пдготвува елаборат и финансиска конструкција.

-Во интенизвна комуникација сум со институциите кои се надлежни да го направат тоа прогласување на културно добро во опасност. Притоа согласно Законот за културно наследство има чекори, се подготвува елаборат, се подготвува финансиска конструкција. Интензивно работиме, односно институциите работат и во постојана комуникација се со мене и со Министерството, рече Стефоска на прес-конференција во одговор на прашање.

Во случајот на црквата Св. „Ѓорѓи“ во Курбиново министерката посочи дека првата фаза за прогласување и на ова подрачје како културно наследство во опасност е веќе отпочната.

-Во текот на оваа година отпочна и оваа фаза за случајот со Курбиново. Значи, прогласувањето во опасност би помогнало во овој случај да продолжат следните фази онака како што кажав, по тој принцип и терк. Се мобилизираат сите стручни луѓе во земјата, се обезбедуваат ресурси внатре финансиски, логистика и се што е потребно за работата, рече министерката.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ