Сахара Балкански мировен фестивал на 2 октомври во Скопје

Од:

Сахара балкански мировен фестивал ќе биде одржан на 2 октомври во Скопје.

На тој датум е роден Махатма Ганди, а Обединетите Нации го одбележуваат Меѓународниот ден против насилството. Организацијата на Фестивалот е спонзорирана од Сахара групацијата.

Фестивалот беше најавен денеска со несекојдневен перформанс во центарот на Скопје, каде група танчери го привлекоа вниманието на минувачите во овој дел од градот.

Според Амриш Чандра, главен координатор на Сахара Балканскиот мировен фестивал, вакви настани нема да бидат организирани само во Македонија, туку и во други држави бидејќи сакаат да го посветат овој месец на мирот.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање