Реконструкција на сцената во кино „Фросина“ во МКЦ

Од:

По 40 години користење, сцената во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар денеска почна да се реконструира со финансии од Град Скопје. МКЦ информира дека е планирано зафатот да трае три седмици и сцената да биде оспособена за претстојниот, 38-ми меѓународен фестивал „Млад отворен театар“.

– Последните години состојбата беше повеќе од алармантна и штиците кои живот значат беа небезбедни, несоодветни, дотраени, нефункционални за одржување сериозна програма. По 40 години бурна експлоатација, тие ќе бидат заменети со целосно нови, соопшти Младинскиот културен центар.

Покрај сцената во „Фросина“, интервенции ќе има и во концертната сала (Денсинг сала), каде што ќе биде поставена фиксна сценска конструкција за светло и декор по целата таванска површина. Со неа, наведува МКЦ, ќе може да се поставуваат светлосни тела и декоративни сценски елементи за концерти и за други изведби (претстави, перформанси, мултимедијални настани…). Во МКЦ е во тек и целосна реконструкција на Џебното кино.

– Замената на сценскиот под во салата „Фросина“, поставувањето на сценско-светлосната конструкција во концертната сала, се дел од градежно-техничките зафати кои ЈУ МКЦ ги презеде последните години со цел максимално ползување на сите просторни капацитети со кои располага, во функација на зголемување на програмските понуди на институцијата, додава МКЦ во соопштението.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел