Работилници и изложба за културната разноликост во Крушево

Од:

Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК од Скопје, од денеска до 19 јануари во Крушево ќе го реализира проектот „Културната разноликост – фактор за развој”.

Проектот е поддржан и ќе се реализира во соработка со неформална група на граѓани и владини и невладини институции, а се вклучува во иницијативата на УНЕСКО за градење на култура на мирот.

Во рамки на проектот ќе се реализираат социоработилници за меѓусебно запознавање, трибина „Културната разноликост – фактор за развој” (интеркултурна едукација), творечка работилница на која ќе се изработуваат уметнички дела и ракотворби и изложба „Културната разноликост – фактор за развој” која ќе биде отворена во Домот на културата „Наум Наумоски-Борче” во Крушево на 18 јануари.

На изложбата ќе бидат претставени уметнички дела и материјални движни културни обележја. Ќе биде уредена во повеќе катчиња и во секое ќе има експонати кои се карактеристични за соодветната култура што се презентира.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево