Публикација со фотографии од Осогово од Сашко Стефановски

Од:

Во издание на Македонското еколошко друштво излезе од печат публикацијата под наслов „Фотографии“ од Сашко Стефановски со мотив од убавините на Осоговските планини.

Во ова издание на МЕД се поместени 50 фотографии одбрани од богатата збирка фотографии на Стефановски, кој по вокација е професор по географија и љубител на планината и природните убавини.

– Објавувањето на публикацијата за мене е награда бидејќи на објавениот конкурс за најдобра фотографија од проектот „ Осоговскиот зелен појас“, што го распиша МЕД, ја добив втората награда. Иако е печатена во 100 примерици и има промотивен карактер, убеден сум дека ќе има и второ поголемо издание, бидејќи интересот за неа е мошне голем, изјави Стефановски.

Во богатата колекција на Сашко Стефановски се наоѓаат илјадници фотографии не само од Осоговијата, туку и од повеќе планини и планински врвови во Македонија и од земјите на Балканот.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Во Кичево отворена изложба на фотографии со ликот на Тоше Проески

Ана Ололовска

Изложба со фотографии кои го претставуваат мултикултурализмот во Струга

Ана Ололовска

Изложба на фотографии за човековите права во „Ист Гејт Мол“

Ана Ололовска

Годишна изложба на членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово

Ана Ололовска