Прво издание на Интернационален театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“

Од:

Националната установа Народен театар-Битола ги почна подготовките за првото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“ кој ќе се одржи во градот под Пелистер.

Во изјава за МИА, директорот на НУ Народен театар-Битола Валентин Светозарев истакна дека фестивалот има целосна поддршка од Министерството за култура и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, и првото издание ќе се одржи во јули во рамките на битолското културно лето „БитФест“.

– Шекспирови фестивали низ светот има многу, но на овој дел од Балканот нема ниту еден, или поконкретно од Полска па до југот на Европа нема ниту еден. На фестивалот во Битола ќе се играат Шекспирови дела од разни театри од Европа и светот и секогаш меѓу 6 до 7 интернационални претстави ќе има само една домашна македонска претстава. Верувам дека првото фестивалско издание ќе блесне во вистински сјај и дека ќе имаме театарски трупи од Америка до Кина, изјави за МИА, директорот на НУ Народен театар-Битола, Валентин Светозарев.

Програмските рамки на првото издание на „Битола Шекспир фестивал“ веќе се поставени. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Ромео и Јулија“, заеднички проект на НУ Народен театар-Битола, театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Русија, Македонската опера и балет и фестивалот „Охридско лето“, посочи Светозарев.

– Ќе понудиме ексклузивна програма со силни Шекспирови дела какви што денес се создаваат во светот. Основниот мотив за организирање на овој фестивал беше нашиот престој во театарот „Глоб“ во Лондон од каде ќе користиме секаква помош. Нивните водечки луѓе потврдија отворена соработка како и нивното доаѓање на свеченото отворање во Битола. Всушност тие и ни го препорачаа организирањето на овој фестивал во Македонија затоа што после нашиот настап во Лондон констатираа дека Шекспировиот стих на Македонски јазик звучи и наликува на оригиналот. Идејата за организирање на овој фестивал дополнително зајакна кога воочивме дека на сцената на битолскиот театар споредно со другите театари, делата на Шекспир биле најзастапени и најпоставувани, истакна Светозарев.

„Битола Шекспир фестивал“ ќе овозможи присуство на домашна но и публика од регионот, потенцираат од оваа национална установа, а тоа е посебно значајно за развој на културниот туризам.

– Во Битола во моментов има 4 до 5 отворени сцени и исто толку затворени сцени како што се театарската сала, нова сцена, сцените на Центар за култура и друг простор каде што може да се играат театарски претстави. Ние имаме извонредна технолошко-техничка инфраструктура и ресурси и затоа почнавме подготовки за организацијата и приемот на ансамблите од светот во Битола за што имаме поддршка од општината, посочи Светозарев.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска