Прв број на електронскиот неделник за култура „Репер“

Од:

Македонскиот специјализиран е-неделник за култура „Репер“ е возобновен и утре ќе излезе неговиот прв онлајн број на www.reper.net.mk. Замислен е како платформа за вмрежување на уметниците од сите области во Македонија и создавање подобри услови за нивна натамошна комуникација и настап во државата и во странство.

Зад списанието стои издавачката куќа „Антолог“ која информира дека тоа ќе тежнее да биде медиумски простор, каде што на едно (виртуелно) место ќе изврши (вистинско) обединување на сите вешти луѓе.

Скромно залагајќи се за ширење на наследената и на современата култура и креативност од територијата на Македонија, преку употреба на современите достигнувања во интернет-технологиите и во социјалните мрежи, со објавување авторски текстови, илустрации, видеоматеријали и друг вид мултимедија од областа на креативноста, уметноста, технологијата, вештините, неделникот ќе настојува да изврши континуирана промоција на домашниот автор, од најреномирани имиња до личности чие време допрва ќе дојде, соопшти „Антолог“.

Покрај авторите од различни професии и генерации, членови на потесната редакција на „Репер“ се младите креатици Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски и Иван Антоновски, кои се надеваат дека на овој начин ќе внесат свежа енергија во медиумскиот простор и ќе ги стимулираат контактите во рамки на македонската културна сцена.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање