Промовиран романот „Една мала сага“ на публицистот Бесник Мустафај

Од:

Во организација на локалната власт на Дебар денеска беше промовинаран романот „Една мала сага“ на авторот Бесник Мустафај, познат политичар и публицист од Република Албанија и поранешен шеф на албанската дипломатија.

На промоцијата, што се одржа во просториите на општината, градоначалникот Ружди Љата меѓу другото рече дека романот на Мустафај зазема значајно место во неговото богато творештво.

– Мустафај има посебно место и улога во албанската литература и разбирливо и во политичкиот живот во сеалбанските простори. Промоцијата на оваа книга е потврда за почитта што авторот ја има кон Дебар и дебарчани, рече Љата.

Според уредникот на книгата, Хашим Бафтјари, романот претставува вистинска сага за она што се случувало по познатите, по својата бруталност затвори во Албанија, за страдањата на лицата кои биле во нив, за оние кои работеле во нив, за оние кои биле дел од тоа време и семејствата на затворениците.

– Се обидов преку пишаниот збор да ги отсликам голготата и страдањата на затворениците, нивните семејства, состојбите во затворите во Албанија, каде системите се менувале а затворите остамнувале исти, без оглед дали бил на власт кралот Ахмет Зогу или Енвер Хоџа, рече авторот, додавајќи дека негова голема желба била книгата да ја промовира во Дебар.

На промоцијата зборуваше и Емин Аземи, кој посебно го нагласи фактот што романот е многу читан во Германија, а присуствуваше и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат