Промотивни настани на тема „Креативна Европа Дома“

Од:

Министерството за култура денеска, утре и на 15-ти јуни во НУ Музеј на современата уметност – Скопје и во ЈУ Младински културен центар (МКЦ), организира промотивни настани на тема „Креативна Европа Дома“ посветени на искуствата во спроведувањето на програмата Креативна Европа – Култура на Европската Унија, како и на нејзината рефлексија на национално и на регионално ниво.

Настаните се организирани од Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Канцеларијата на Креативна Европа – Култура на Република Србија, корисниците на потпрограмата Култура во периодот од 2014 до 2020 година и други партнери.

Од Министерството за култура информираат дека на 15 јуни во ЈУ Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективи на Западен Балкан“, на која ќе учествуваат министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот на ЕУ во нашата држава Дејвид Гир, заедно со организациите поддржани од пилот-акцијата на програмата Креативна Европа – Култура посветена на културната соработка со земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат