Промоција на првиот број од месечното списание „Филм плус“

Од:

„Филм плус“ е насловен првиот филмски месечник во Македонија, чиј прв број ќе биде промовиран вечер во „Менада“. Новото македонско филмско списание ќе го уредуваат Сунчица Уневска и Влатко Галевски.

– „Филм плус“ во првиот број донесува најмногу теми поврзани со македонскиот филм. Иако интенцијата беше да се направи македонски филмски месечник, сепак никој, па дури ни авторите, не очекуваа дека ова издание со 48 колор страници ќе биде речиси целосно исполнето со македонски филмски содржини. А излезе дека навистина има за што да се пишува и дека македонската кинематографија, и покрај се, е една жива и пулсирачка средина во која и тоа како има потреба од едно вакво списание, соопшти редакцијата на „Филм плус“.

Во првиот број на списанието има рецензии за актуелни филмови, промовирани се наши млади таленти, содржи разговор со филмски работници, а донесува и репортажа од филмскиот сет. „Филм плус“ ќе се дистрибуира во цела Македонија и утре ќе се појави на продажните места.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат