Промоција на „Готленд“, книга за тоа како приватниот живот бил перверзно искористуван од власта во комунистичка Чешка

Од:

Промоцијата на книгата „Готленд“, на која ќе гостува авторот Мариуш Шчигел, ќе се одржи во четврток (25 август) во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, во 21 часот. Промотори на книгата ќе бидат Сашо Кокаланов и Звездан Георгиевски, за музиката ќе биде задолжен Костадин Шурбановски.

Се работи за 127. издание во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа „Или – или“ , чие издавање и гостување на авторот е дел од програмата “Креативна Европа” на Европската унија.

Мариуш Шчигел, роден во 1966 г., тој е полски новинар и писател, добитник на Европската награда за литература во 2009 г. Има објавено шест книги: Неделата која се случи во среда (1996), На секоја тема – ток шоу за читање (заедно со Витолд Ожеховски, 1997), Готленд (2006), Каприсче. Женски приказни (2010), Направи си рај (2010) и Небесна љубов (2012). Освен тоа, има објавено бројни репортажи во различни антологии. Во 2014 г. е одликуван со еден од највисоките ордени – Орденот на полската преродба од Претседателот на државата, Броњислав Коморовски.

Готленд“ е трогателна приказна за критичкиот ум под стегите на комунистичкиот режим, соочен со апсурдни ситуации, додека приватниот живот перверзно бил искористуван од властите, со цел да биде замолчен.

Главните ликови на „Готленд“ се: основачот на познатата фабрика за чевли „Бата“, славниот естраден пејач Карел Гот, љубовницата на нацистот Гебелс, скулпторот на најголемиот споменик на Сталин во светот, внуката на Кафка, која им го давала своето име на користење на автори ставени на црна листа во комунистичкиот режим за да може и понатаму да издаваат, младото момче кое се самозапалува по угледот на Јан Палах, 30 години по неговата смрт, познатиот чешки драматург Јан Прохаска и многу други.

Заснован на минуциозни истражувања и стотици интервјуа со сите, од филмски работници, писатели и поп-ѕвезди до обични граѓани, Готленд претставува калеидоскопски приказ на еден истраен народ што преживува тежок, а честопати и бизарен период – подеднакво смешен, вознемирувачки, возбудлив и апсурден.

Би можело да ве интересира

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ

Отворено јубилејното издание на фестивалот на европската култура „Букстар“

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Врачено признанието лауреат на актерот Ристановски и промовирана монографијата 15 години МТФ „Св. Јоаким Осоговски“

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано