Проектот „Сподели Радост” претставен во Софија

Од:

Во КИЦ на Република Македонија во Софија синоќа беше претставен проектот „Сподели Радост”, подготвен од македонски уметници кои живеат и работат во Бугарија.

Актерот Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика интерпретираа стихови од познати македонски поети, а ликовните уметници Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Горан Тричковски, Павел Целкоски, Слободан Милошески и Иво Пецов свои ликовни дела.

Публиката, освен каталози од изложбата, имаше можност да добие и пригоден рекламен материјал за туристичките можности на нашата држава, подарок од Агенцијата за промоција и поддршка и на туризмот на Македонија.

Проектот поддржан од Министерството за култура, го отвори директорот на Центарот Васко Шутаров кој пред присутните ја претстави и годишната „Програма 2017″ со која во преку 30 проекти ќе биде презентираната македонската култура во Софија и десетина други градови во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел