Проект „Градски Викиклуб“ за теми од германската култура

Од:

По успешното спроведување на пролетниот уредувачки потфат „Викилига“, оваа есен почнува втор уредувачки потфат на Википедија на македонски јазик, во соработка со Гете-институтот од Скопје.

Тој ќе опфати четири јавни настани – работилници за обука и уредувачки маратони на теми поврзани со германската култура кои ќе траат во есенските месеци во четири градови во земјава: Струмица, Битола, Куманово и Велес. Потфатот е насловен „Градски ВикиКлуб (на германски WikiStadtKlub), со цел овие кружоци со членови обучени да уредуваат и работат на Википедија да ја зголемат македонската заедница на уредници и да постојат да уредуваат и придонесуваат и понатаму.

Градски ВикиКлуб (WikiStadtKlub) е втор заеднички проект на Гете-институтот од Скопје и Википедија на македонски јазик чија цел е доближување на содржини поврзани со германската култура на македонските читатели преку нивни превод од Википедија на германски на Википедија на македонски јазик. Проектот се состои од јавен настан од времетраење од три часа кој ќе опфаќа обука за уредување на Википедија и уредувачки маратон со уредување статии на теми поврзани со германската книжевност, култура и уметност.

Учеството е бесплатно. Секој заинтересиран поединец може да го пополни прашалникот за пријавување за учество. Првиот настан – работилница и обука со уредувачки маратон на теми од германската книжевност, култура и уметност, ќе се одржи на 25 септември 2019 година, од 13 до 16 часот, во  градската библиотека „Благој Јанков-Мучето“ во Струмица.

Со учеството на уредувачките маратони на Викилига секој поединец ќе биде обучен и ќе се стекне со знаења за уредување на Википедија преку изворниот кодиран (html) и нагледниот визуелен уредувач, како и преку користење за алатката за превод, а ќе биде и подлабоко упатен во останатите интернет-проекти на Викимедија, кои се многу корисни во современото информатичко работење.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање