Претставена потпрограмата „Култура“ на „Креативна Европа“

Од:

На инфо сесијата за потпрограмата „Култура“ на „Креативна Европа“ – Програма на Европската унија наменета за културните и креативните сектори”, денеска во ЕУ Инфоцентарот беа презентирани можностите кои оваа  програма ги нуди за македонските културни оператори, во организација на Министерството за култура  и на делегацијата на Европската унија во Скопје.

Програмата „Креативна Европа“, која е усвоена од Советот на Унијата на 5 декември 2013 година, е со цел да го поддржи развојот на културата и креативните сектори, како главен извор на работни места и севкупен развој во Европа. Македонија е официјален учесник во потпрограмата Култура на „Креативна Европа“, а македонските културни оператори се полноправни корисници на програмата која се однесува на периодот од 2014 до 2020 година.

Билјана Прентоска од Министерството за култура потсети дека првпат во политиките на ЕУ, секторот култура се споменува во договорот од Мастрик во 1993 во членот 167.

– Многу се важни елементите на супсидијарност и комплементарност на културниот сектор затоа што политиката на ЕУ е за супсидијарност, бидејќи и самото управување на програмата „Креативна Европа“ останува централизирана програма на Унијата, односно ЕУ не се маша во националните културни политики. Таа единствено ја поддржува транснационалната културна соработка во европскиот културен простор, рече Прентоска.

На информативниот настан од страна на претставниците на Здружението на граѓани – Јавна Соба од Скопје, Н.У. Завод и Музеј – Битола и издавачката куќа „Магор“ од Скопје беа промовирани успешните проекти за културна соработка, а беа претставени и проекти за литературни преводи поддржани од програмите „Креативна Европа” и програмата „Култура 2007-2013” на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура