Претставата „Федра“ одиграна во „Стоби“

Од:

Во античкиот амфитеатар во Стоби во рамките на 13. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ синоќа во два наврата беше изведена претставата „Федра“ на Независна продукција од Македонија, на авторката Сара Кејн, а во режија на Билјана Радиноска.

По двете изведби на претставата пред ограничен број на публика која одблиску уживаше во креативноста на актерите, во изјавата за медиумите режисерката Радиноска појасни дека е многу важно преку претставата да се отвори еден дијапазон на чувства, за тоа како еден човек може да се чувствува за нешто што е толку едноставно.

– Ми беше важно дека цела една монархија може да се урне поради лични односи и колку на некои внатре не им е гајле за некои надвор. Повеќе е како емотивно движење, да се изненадуваш цело време и да се постави прашањето дали некои работи вреди да се прават, појасни режисерката Радиноска.

Претставата својата премиера ја доживеа во април годинава, а ова е прво искуство да се игра на отворено. За актерката Стефанија Зисовска големо е задоволството што игра на Стоби.

Таа ни појасни дека со претставата го отвориле прашањето за една вечна неисцрпна и безусловна љубов.

– Бескомпромисна љубов која ништо не може да ја победи. Се отвораат и социјални неправди кои навидум се во втор план, ама сепак се доволно јасно искажани. Пред се ова е претстава за една безгранична и безусловна љубов која ништо не може да ја уништи, истакна актерката Зисовска.

Интернационалниот Фестивал на Античка Драма „Стоби“ 2014, продолжува утревечер со претставата „Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројковски на Театарот комедија од Скопје, а која исто така како и синоќешната , ќе се натпреварува за една од наградите на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ