Претседателката Сиљановска-Давкова ги отвора 64. Струшки вечери на поезијата

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва ќе се обрати и ќе го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, коешто се одржува под нејзино покровителство.

Манифестацијата, како што соопшти Кабинетот на Претседателот, ќе започне во 20 часот и 30 минути во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

-Во рамките на свеченото отворање на фестивалот ќе бидат одржани „Поетските меридијани“, коишто ќе започнат со претставување на добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка. На Меѓународното поетско читање на првата фестивалска вечер ќе настапат добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година – Катица Ќулавкова, годинашниот добитник на наградата за најдобра поетска збирка на поет-дебитант од светот „Мостови на Струга“ – Матеуш Шимчик, како и 20 еминентни поети од 17 земји, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности