Во кино „Милениум“ вечер од 20 часот премиерно ќе биде прикажан играно-документарниот филм „Дисидент“ по сценарио и режија на Петар Џуровски во продукција на продукција „Лавиринт“.
– Низ шеесет минути, со впечатлив играно-документарен пристап и реконструкција на настаните кои се случувале, авторот преку докуметарни факти ги разоткрива табу-темите за ликот и делото на Драган Богдановски,еден од најголемите борци за човекови права и правата на македонскиот народ, соопшти „Лавиринт“.