„Поточиња 2022“ на 18 и 19 јуни во Филхармонија

Од:

На прагот од летото, детските желби ќе станат реалност, — „Поточиња 2022“ и официјално ќе се одржи на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска Филхармонија.

Новото претстојно издание на „Поточиња“, како еден од најпознатите детски музички фестивали, е време за повторно дружење на големата сцена. По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „Поточиња 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала.

Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот.

За првпат во Филхармонија и за првпат наместо да се пречека, детските песни ќе ја испратат пролетта со песна. Организаторите најавуваат голема забава и вистински детски спектакл. Најубавата вест конечно пристигна.

Би можело да ве интересира

20 години Поточиња на 13 и 14 мај во Филхармонија

Ана Ололовска

„Поточиња“ се одржува утре во Градски парк

Ана Ололовска

„Поточиња“ в сабота и недела во МОБ

Наум Локоски