Во Занаетчискиот дом во Куманово вечер ќе се одржат „Поткозјачки литературни средби 2019″.
Манифестацијата годинава е во рамки на одбележување 500 години од основањето на Куманово како дел од „Ноемвриски денови”, во чест на 11 Ноември – Денот на ослободувањето.
На манифестацијата, како што соопштуваат организаторите, свои литературни дела ќе читаат Кристина Николова, Христо Петрески, Ирена Белешковска, Оливера Доцевска, Емилија Колевска, Ана Љубиќ, Марина Мијаковска, Ленче Милошeвска, Давче Насевски, Елена Пренџова, Мито Спасовски, Снежана Стојчевска, Стојан Тарапуза, Љерка Тот Наумова, а со гитара ќе настапи Дарко Трајковски.
Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, во организација на „Јустиција” – Куманово и „ЦККС” – Скопје, а во соработка со ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово, Секторот за култура и спорт при Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт од Куманово.