Постојана поставка за Старата скопска чаршија

Од:

 Во Музејот на Стара скопска чаршија, депанданс на Музеј на град Скопје и сместен во Сули-ан, задутре ќе биде отворена постојана поставка на која ќе биде претставена историјата на Старата скопска чаршија и вредностите кои произлегле од неа, од 11-12 век до денес.

Поставката опфаќа археолошкиот дел – во кој ќе бидат презентирани предмети откриени со археолошките истражувања во чаршијата и во Скопското кале во континуитет од средниот век до османлискиот период, историски дел –  каде што ќе бидат изложени фотографии, карти и планови кои го прикажуваат основањето, развојот и животот на Старата скопска чаршија, како и историјатот на позначајните културно-историски споменици во чаршијата, етнолошки дел – со презентација на животот во чаршијата и најдоминантните професии: занаетчиството, трговијата и угостителството.

Поставката е придружена со уметнички дела со мотивите од чаршијата. Застапена е првата генерација на македонски современи ликовни уметници (Мартиновски, Пандилов, Владимирски, Коџоман…), како и дел од современите ликовни уметници на Македонија (Анастасов, Мазев, Перчинков…).

– Современиот пристап во музејската поставка ќе придонесе во подобрата едукација на младите во нивното запознавање со културното богатство на Градот Скопје, но и во зајакнувањето на туристичката понуда на градот, затоа што овој музеј е центар преку кој туристите и граѓаните ја осознаат богатата историја на чаршијата и нејзиното функционирање низ вековите, информира Музеј на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање