Порака од Дарио Фо по повод Светскиот ден на театарот

Од:

Порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март оваа година упати италијанскиот драмски писател, режисер, актер и сатиричар, нобеловецот Дарио Фо. Пораката ќе се чита утре по традиција пред почеток на претстави ширум светот.

– Некогаш одамна власта својата нетрпеливост кон актерите ја решавала со протерување од државата. Актерите и ансамблите денес во кризата, имаат потешкотии да пронајдат театарски простор и публика. На властодршците значи, не им е веќе проблем да ги контролираат оние кои се изразуваат низ иронија и сарказам, бидејќи актерите немаат ни простор за игра ниту публика на која би и се обраќале, оцени тој.

Фо потсетува дека “големиот погром на комедијата-дел-арте се случил во век против кога било наредено укинување на сите театарски простори, особено во Рим каде актерите биле обвинувани за навредување на Светиот град“.

– Колку гласно изговорен збор проследен со гест, повеќе ранува умови на млади момчиња и девојки од мртов збор на хартија! Затоа од нашите градови мора итно да ги протераме комедијантите како што тоа го правиме со непожелните души, запишал тогаш Кардиналот Карло Боромео.

Фо заклучува дека поради тоа, „единственото решение за кризата – е надежта дека против нас, а пред се против младите кои сакаат да бидет дел од уметноста на театарот, ќе се организира голема хајка и нова генерација актери од секако наметнати околности, ќе извлечат незамислива корист за еден нов театар“.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање