Поетски карван во Прилеп

Од:

Поетски карван денеска ќе се одржи пред манастирот „Свети Ѓорѓија“ во прилепското село Присад. Организатори се Друштвото на писатели на Македонија, младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ и Здружението на пензионери на Македонија и иселеници.

Свои дела ќе читаат Василе Димески, Елена Пренџова, Бобан Богатиновски, Марина Мијаковска, Васо Николовски, Марта Маркоска и Перо Миленкоски. Покрај нив, својата монодрама „Крале Марко (Синот на Волкашин)“ ќе ја изведе Славчо Ковилоски, а ќе може да се ужива во музиката на дуото „Signature“ составено од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара. Цветни пораки за мир ќе изработува уметникот Живко Поповски – Цветин.

Карванот почна на 22 јуни во Дебар, а на 13 јули се одржа во Охрид. Во карванот до крајот на годината ќе учествуваат 60 поети во рамки на проектот „Почувствувај ја Македонија“, со цел афирмација и доближување на литературното творештво до читателите.

Средбите со љубителите на пишаниот збор се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор и се во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ