Почнува вториот културен форум „Предание и континуитет“

Од:

Со концерт на маестро Јуриј Шишков од Русја вечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе почне вториот културен форум „Предание и континуитет“.

Годинашното издание ќе биде посветено на тема „Трансхуманизам“, а веднаш по концертот ќе се одржи дебата на тема „Надчовекот и трансчовекот: сличности и разлики“. Дебатата ќе ја водат професорите Иван Џепароски, Сенка Атанасовска и Ристо Солунчев.

Јуриј Шишкин е познат светски виртуоз на хармоника и пред присутните премиерно ќе интерпретира повеќе дела на класични европски композитори.

Ќе биде прикажана изложбата на скулптури на академскиот вајар Владимир Симоновски и на уметнички фотографии на Таиса Санџакоска.

Утревечер со краток воведен концерт на хармоника ќе настапат Ања Криштаљева (Руска Федерација) и Александар Коловски (Република Македонија), а потоа ќе се дебатира на тема „Технократските утопии на научната фантастика: за и против“. За книжевните и филмските аспекти на оваа тема ќе зборуваат: проф. д-р Иван Додовски, д-р Атанас Чуповски, м-р Пантелеј Кондратјук и Крум Велков.

Последната вечер од форумот ќе почне со краток концерт на познатиот тромбонист Никола Ристевски. По завршувањето на концертниот дел ќе се одржи деба „Невробиолошка киборгизација на човекот и креативна емоционалност на вештачка интелегенција – мит или стварност?“, а говорници ќе бидат проф. д-р Стево Божиновски, проф. д-р Андреа Кулаков и м-р Валентин Велчев од Бугарија.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ