Почнува 47. Меѓународен семинар за македонски јазик и литература

Од:

Охрид од денеска е домаќин на 47. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура на кој е најавено учество на претставници од 20 држави.

За време на двонеделниот престој, учесниците меѓу кои има од САД, Канада, Финска и за првпат од Азербејџан, ќе ги осознаваат и препознаваат знаењата за македонскиот јазик, литература и култура.

На семинарот ќе учествуваат 65 стипендисти, 16 магистранти, пет докторанти и осум професори кои во своите истражувања работат на македонистиката.

Предавањата ќе бидат во согласност со досегашните потреби и барања на стипендистите и се поделени на курс за лексикологија, семантика и фразеологија, курс по историско и културно наследство и курс за јазични вештини по македонски јазик.

Во рамки на семинарот традиционално ќе се одржи и 41. Научна конференција на која ќе присуствуваат 37 учесници од кои 13 од странство.

Новина е тоа што по повод 65-годишнината на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) предвидено е да се одржи и Отворен ден на универзитетот.

Годинашниот семинар се поклопува со одбележувањето на 65-годишнината од основањето на УКИМ и 70-годишнината од АСНОМ и официјализирањето на македонскиот јазик како службен јазик во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ