Славниот диригент Лорин Мазел почина вчера на 84-годишна возраст во американската сојузна држава Вирџинија, како последица на компликации предизвикани од воспаление на белите дробови, објави управата на музичкиот фестивал „Кастлетон“.
Лорин Мазел, кој е роден во Франција во семејство на американски музичари со еврејско потекло, се прослави како диригент на Њујоршката филхармонија и на Виенската државна опера.
– Како диригент со меѓународно реноме, маестро Мазел на музиката и посвети повеќе од 75 години од својот живот, се наведува во соопштенеито на фестивалот „Кастлетон“, чиј основоположник беше токму Мазел.
Славниот диригент починал во неговата куќа во Кастлетон Фармс, каде што се подготвувал за следниот фестивал.
Маазел диригираше со повеќе од 150 оркестри и има повеќе од 300 снимени записи. Тој беше и композитор, а неговата прва опера „1984“, пишувана според истоимената книга на Џорџ Орвел, ја имаше праизведбата во Лондонската кралска опера на Ковент Гарден.
Мозел беше женет и имаше четири деца.