По 23-ти пат ќе се одржи меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Од:

Од 8. до 12. септември во Струмица ќе се одржи 23-то издание на интернационалниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалот посветен на актерот и актерската игра годинава ќе трае пет дена, а ќе учествуваат педесет актери во 13 претстави на театри од Србија, Русија, Ерменија, Албанија, Бугарија и Македонија од кои 12 во конкуренција и една која ќе се игра во чест на наградениот актер.

Според Ванчо Ристов Патриков, директор на фестивалот, првпат годинава овој фестивал е финансиски помогнат од НЕТА (Нова европска театарска асоцијација) преку Советот на Европа за култура, а најголемиот дел од средствата за одржување на фестивалот ги обезбедува општина Струмица.

ristoshishkov23

За жал, иако станува збор за меѓународен и реномиран фестивал, поддршката од министерството за култура и годинава како и минатите години е минимална, но и без таа поддршка, фестивалот и годинава, како и секогаш, ќе има уште едно прекрасно издание.

Најдобриот актер кој ќе биде избран од стручното меѓународно жири и годинава ќе ја добие наградата која се состои од златен медалјон со ликот на актерот Ристо Шишков и парична награда во вредност од 1.500 евра.

Дополнителни информации за фестивалот можат да се добијат на официјалната веб страница www.fktristosiskov.mk

 

Би можело да ве интересира

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар