Петти БОШ фестивал во Гевгелија

Од:

Мултимедијалниот јубилеен петти арт фестивал „БОШ“ почнува вечер во Гевгелија. Според програмата, на повеќе локации во градот до недела ќе се одржат серија ликовни изложби, концерти, филмски проекции, театарски претстави и поезија.

Богатата фестивалска програма вечер стартува со отворање на изложбите „Луцидно-синестетички дијалог“ на Атанас Ботев, „Температура, циркулација, гравитација“ на Маја Кировска и изложбата на Мултимедија центарот од Гевгелија.

Во исто време, на малата сцена во Старата градска чаршија ќе се игра театарска претстава, ќе се одржи концерт на импровизирана бина со настап на 20 музичари и ќе се прикажуваат кратки филмови во дворот на Старата градинка.

Фестивалот е посветен на прерано починатиот поет и актер Бошко Бозаџиевски од Гевгелија, а го организираат Здружението на граѓани „Арт еквилибрум“ и Јавната општинска установа Дом на културата „Македонија“.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање