Петта дикусија на Христијанско философскиот форум

Од:

Петтата дискусија на Христијанскиот философски форум ќе се одржи денеска во организација на Филозофското друштво на Македонија.

Петтата дискусија ќе го тематизира концептот Паидеиа низ современа призма.

Класичниот образовен идеал, изразен преку концептот паидеиа, претставува сеопфатен процес на воспитание и образование на идеалниот член на старогрчкиот полис и има за цел вклучување во неговиот аристократски поредок.

Основниот идеал што стоел зад воспитно-образовниот процес била складноста на личноста, која ги опфаќала интелектуалната, етичката и физичката сфера.

На тој начин, изучувањето на математиката и медицината било неразделно од уметноста и музиката, од реториката и граматиката, од воената и физичката подготовка, од философијата и теологијата.

Истиот идеал, во различни форми, се сретнува во источното и западното средновековие, како и во ренесансниот и постренесансниот период.

Петтиот Христијански философски форум ќе се осврне на овие прашања и ќе се обиде ја лоцира улогата на философијата во евентуалното реактуелизирање на концептот паидеиа во современото воспитание и образование.

Гости на иницијаторите и домаќини на Форумот, доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ и проф. д-р Ристо Солунчев, ќе бидат средношколските професори по корпусот филозофски предмети д-р Бошко Караџов од Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес и Драгица Солунчева од Гимназија, „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Рекорден број Германци лани ги напуштиле Протестантската и Католичката црква

Жарко Настоски

Нова страница во историјата меѓу христијанството и исламот

Ана Ололовска

Истражување: До 2070 година муслиманите ќе бидат побројни од христијаните

Ана Ололовска

Приказната за Исус Христос е „фабрикувана за да се смират сиромашните“, тврди контроверзен професор по Библија

Ана Ололовска

Конзервативните христијани денес би го мразеле Исус

Ана Ололовска

Ирски свештеник докажа дека Исус никогаш не постоел

Ана Ололовска