Пет претстави на 12. Македонско културно лето во Пустец

Од:

Со претставата „Мечка“ од Чехов на Театар Комедија-Скопје во режија на Димче Николовски, вечер во Пустец, Албанија, ќе биде отворено 12. Македонско културно лето.

На фестивалот кој се одржува на плоштадот „Гоце Делчев“, до 5 јули од 20.30 часот ќе бидат изведени уште четири претстави на македонски театри. Организатор е Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и Едмонд Сотир.

Утревечер на програмата е „Умри машки“ од Николај Алдо во режија на Коле Неделковски и во изведба на театарот „Ацо Шопов“ од Штип. В среда ќе гостува ансамблот на Велешкиот театар со претставата „Црвенкапа“, адаптација на Сашо Димовски и режија на Деан Дамјановски, в четврток ќе биде изведена „Мани, мани, мани“ според Реј Куни во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ на Кумановскиот театар.

Фестивалот ќе заврши на 5 јули со „Волшебната флејта“ на Русомир Богдановски во режија на Александар Ивановски на Театарот за деца и младинци, а по неа од 22 часот е свеченото затворање со доделување признанија.

Годинашното Македонско културно лето во Пустец е поддржано од Министерство за култура на РСМ, Град Скопје и од спонзори.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ