На 19 ноември со почеток во 19 часот за првпат на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти.
Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори: Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.
Во насловната улога ќе настапи: Христина Наќевска, во улогата на принц ќе настапи Мирослав Митрашиновиќ, Вила Ангел: Саша Евтимова, Маќеа: Марија Јосифовска Ристовска, Сeстри: Ендру Кук (Англија) и Кристијан Јангос, Татко: Драган Кочоски , Мала Пепелашка: Гала Кочевска.
Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.