Патувачката училница „Живот на социјалните мрежи“ во Градскиот парк

Од:

Во рамки на Фестивалот „Џифони-Македонија“ денеска во Градскиот парк ќе биде поставена Патувачката училница „Живот на социјалните мрежи“ (Una vita da social), во која учениците ќе се едуцираат за превенција и заштита од можни злоупотреби на интернет.

Како што најавуваат организаторите, на патувачката училница ќе се обратат министрите за информатичко општество и администрација, за внатрешни работи и за образование и наука Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и Арбер Адеми.

Училницата е дел од европскиот проект „Поврзани генерации“ – Безбеден интернет центар, координиран од италијанското Министерство за образование и наука, а во изведба на експерти од Одделението за безбедност во комуникациите при италијанското Министерство за внатрешни работи.

Одделението за безбедност во комуникациите при италијанската Полиција, како што се наведува, одлучи првата и единствена годинава меѓународна активност во рамките на проектот да биде спроведена токму во Северна Македонија, за време на фестивалот „Џифони Македонија“.

Од 12 до 17 октомври патувачката училница Una vita da social – Живот на социјалните мрежи престојува на повеќе локации во градот и во неа се изведуваат интерактивни едукативни средби во кои експертите им илустрираат на слушателите како интернетот може да се користи на полезен и безбеден начин, преку запознавање со најнепредвидливите замки и навремена превенција и заштита од можни злоупотреби. Се очекува училницата, до четврток, да ја посетат над 800 ученици од основните и средните училишта.

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска