Паскал Гилевски добитник на Рациовото признание за 2014

Од:

Рациновото признание за 2014 година му припадна на писателот Паскал Гилевски за неговиот роман „Постмртна венчавка“ во издание на „Матица македонска“ од Скопје.
Одлуката ја соопшти денеска на прес-конференција претседателот на жири комисијата Иван Чаповски.

– Ликовите кои се прецизно изнијансирани, успешно го носат товарот на потресната тема на делото. Јазикот на романот богат, а близок до усното народно творештво, е со моќ на сликарски потези и колоритна силина на деталот, што овозможува делото да се восприема сугестивно и емотивно, истакна Чаповски.

Во најтесен избор за наградата беа и романите „Фотосинтеза“ од Игор Анѓелков и „Стилски вежби“ од Соња Манџук.

Наградата Рациново признание за 2014 и почесното Рациново признание за 2014 ќе им бидат врачени на добитниците на 13 јуни, на централната манифестација што ќе се одржи по повод 51. Рацинови средби во Велес.

Би можело да ве интересира

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ