Отворена манифестацијата „Звуците на чаршијата“

Од:

Манифестацијата „Звуците на чаршијата“ е отворена денеска на плоштадот „Скендербег“, а се одржува на неколку локации во Старата скопска чаршија.

Организаторот на манифестацијата, директорот на Културно-информативниот центар-Скопје, Сермине Пурини изјави дека „Звуците на чаршијата“ веќе станаа симбол на традиционалните обичаи кои отсекогаш биле во чаршијата.

Целта е продолжување на заживувањето на чаршијата, во чии улички ќе има по некој перформанс.

– Ќе настапат симфонискиот оркестар „Ода на радоста“, кој заедно со хорот „ПроАрс“ под диригенство на Сашо Татарчев ќе ја изведат „Ода на радоста“. Целиот настан ќе биде спонтано собирање на музичарите и на хорот. Од Прима денс ќе настапат осум танчери кои ќе играат самба, латино музика, од Флеш моб-Анпи „Емин Дураку“ нема да настапат со народна носија како што сме навикнати, туку ќе изведат модеред танц. Ќе се одржи и ликовна колонија. Ќе настапат и музичката група „Артан&Oли“ и Златна труба – Левис, рече Пурини.

Попладне во Чаршиската книжарница ќе биде прикажан документарен филм за Старата Чаршија, а вечер во Куршумли Ан концерт ќе одржат  Албанска софра, Еди Фура со оркестар и Синан Власалиу. Манифестацијата ќе заврши на полноќ.

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити рече дека културата е добар придонес кон заживување на Старата скопска чаршија.

– Ова се прави не само кај нас, туку и во други општини во Европа, во други поразвиени земји. Културата е таа која што ги зближува луѓето, која дава друг сјај на чаршијата. И понатаму ќе биде наша тенденција преку вакви манифестации, посебно преку културата, да ги вратиме луѓето во чаршијата, додаде Меџити.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање