Отворена ликовна колонија „Михајлово Кавадарци 2017”

Од:

Ликовна колонија „Михајлово-Кавадарци 2017”, годинава посветена на прерано починатиот кавадаречки уметник Ристо Соколов-Сокол беше отворена синоќа во Кавадарци.

Манифестацијата поддржана од локалната самоуправа се одржува по 23 пат, а на неа учествуваат 65 автори од цела Европа и Азија.

Во рамки на манифестацијата прво беше отворена самостојна изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева, еден од учесниците во колонијата. На присутните им се обрати актерот Диме Коцевски, кој рече дека станува збор за соврмена македонска уметница со една несекојдневна изложба, ликовен педагог и вљубеник во научната фантастика.

Изразувајќи го своето задоволство од културното претставување на општината, градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов им посака на уметниците инспирација, дружење и убави уметнички дела.

Директорот на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”, Владимир Темков најави отварање и на уште две други изложби, како и меѓународен фолклорен фестивал во рамки на овој традиционален културен настан. Свеченото затворање на колонијата е на 26 август, со изложба на новонасликаните дела.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична