Масовна поддршка за Вања Лазарова да добие национална пензија

Од:

Речиси 8 илјади луѓе за само една вечер се потпишаа на Фејсбук групата за поддршка на македонската музичка легенда Вања Лазарова. Ова се случува откако Министерствто за култура не и’ даде национална пензија, а досега и не ја прогласи за национален уметник.

За утрово групата граѓани најавија дека ќе се сретнат со Лазарова во Домот за стари лица „Милица”, каде што таа во моментов живее.

Вања Лазарова е македонска пејачка на изворни народни песни, доајен на македонската народна музика.

Таа работела во Македонска Опера, а била член и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец”. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ.

Вања Лазарова настпила на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во „Алберт Хол“ во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија” при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот” на Милчо Манчевски. Таа соработувала и со Кирил Џајковски и со Златко Ориѓански.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он