Оркестарот на Македонската Филхармонија повторно излезе на протест, обвинуваат дека министерката манипулира

Од:

Со настап пред Министерството за култура, оркестарот на Македонската Филхармонија, денеска повторно изрази незадоволство од одлуката за вдомување на новоформираниот Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонијата.

Обвинија дека министерката манипулира, посочувајќи дека не станува збор за привремено, туку трајно сместување на новоформираниот оркестар во зградата на Филхармонија.

-Во елаборатот за основање на НУ Џез оркестар, доставен до Влада до кој што дојдовме врз основа на барање за пристап до информации од јавен карактер, никаде не пишува дека новоформираната институција привремено ќе биде сместена во објектот на Филхармонија. Напротив, објектот е наведен како единствена соодветна опција за сместување на новата институција, воедно дека ќе ги имат на располагање сите расположливи капацитети на објектот. Ниту во еден момент не се спомнува дека станува збор за привремена адреса и дека кога ќе застане на нозе новата институција ќе добие нов простор, изјави претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски.

Тој потенцира дека елаборатот е изработен без анализа, и без консултација со раководството на Филхармонија.

Оркестарот информира дека доколку не се повлече одлуката следно ќе одржат протест и пред Влада.

Ова е втор протест на вработените од Филхармонија откако беше донесена одлука за вдомувањето на новоформираниот Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонијата, за што оркестарот остро реагира посочувајќи дека ја поздравуваат одлуката за формирање на национален џез оркестар, но не и одлуката да бидат во ист објект, а како обраозложение за тоа, посочија дека зградата е проектирана и замислена како објект за еден симфониски оркестар.

Би можело да ве интересира

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје!

А1он

„Имате ли ритам“ – концерт за деца на Македонската филхармонија

Концерт на Националниот џез оркестар во Филхармонија

А1он

Филхармонија ги демантира тврдењата на Дијана Имери Илкоска

Дијана Имери Илкоска објави дека и бил забранет влез во Филхармонија, диргентката остана без работа

Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус