Општина Битола објави јавен повик за учество на „Бит Фест 2018“

Од:

Општина Битола го објави јавниот повик за учество на 12. издание на манифестацијата Битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“.

Од секторот за односи со јавност на оштина Битола информираат дека годинава „Бит Фест“ ќе почне на 21 јуни, а ќе заврши на 28 август.

– Јавниот повик е со цел да им овозможиме на уметниците да ги проектираат замислените културни настани и содржини кои општината финансиски ќе ги поддржи врз принципот на кофинансирање. Според јавниот повик може да аплицираат автори на проекти од областа на културата, музичко и музичко-сценска уметност, театар, ликовна уметност, литература, фолклор и нови уметности, соопштуваат од тамошната локална самоуправа.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола нагласуваат дека во јавниот повик посочени се критериумите за учество и оценување на предложените проекти, степенот на влијание на проектот врз културниот живот на заедницата, како и рокот за поднесување на апликациите кој завршува на 13 април.

Би можело да ве интересира

Со концерт на Каролина Гочева вечерва почнува Битолското културно лето

Ана Ололовска

Јавен повик на Општина Битола за културно лето „БитФест 2019“

Ана Ололовска

Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Ана Ололовска

Незаборавно добро издание на „Незаборав“

Ана Ололовска

Концерт на рускиот вокален ансамбал „Чајка“

Наум Локоски

Бит фест: Фолклорната група „Селенце“ и оркестарот „Фокош“ на плоштадот Магнолија

Ана Ололовска