Операта „Аида“ за затворање на Мајските оперски вечери

Од:

Со операта „Аида“ од Џузепе Верди вечерва во Македонската опера и балет завршуваат годинашните „Мајски оперски вечери“.

Во насловната улога на Аида ќе настапи сопранот Седа Ортач од Турција, како Радамес ќе го видиме гостинот од Белгија тенорот Микаел Сападачини, мецосопранот Даниела Дјакова од Бугарија во улога на Амнерис, како Рамфис ќе настапи Иван Томашев од Србија. Улогата на Фараон ќе ја толкува басот Владимир Саздовски, а Монасро ќе биде маратонот Марчело липи од Италија. Главна свештеничка сопранот Олгица Милевска и како гласник ќе го видиме тенорот Марјан Николовски.

Операта „Аида“ е напишана по нарачка на театарот во Каиро по повод отворањето на Суетскиот канал и станала една од врвните дела на Џузепе Верди.

Диригент на претставата е Оливер Балабурски, режијата е на Дејан Прошев, сценографијата на Зоран Костовски, костимографијата на Елена Дончева, кореографијата на Снежана Филиповска. Концерт мајстор на претставата е Климент Тодоровски.

Би можело да ве интересира

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ вечер во МОВ

Ана Ололовска

Операта „Лучија од Ламермур“ на 15 мај

Ана Ололовска

Мајски оперски вечери: Промоција на монографијата за Зина Креља и изведба на „Турандот“

Ана Ололовска

Почнуваат 46. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

Со „Аида“ вечер ќе бидат затворени 45. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска