Охридски староградски средби по 32 пат

Од:

На 18 септември в петок ќе се одржи 32 издание на манифестацијата „Охридски староградски средби“, во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

На овој веќе реномиран музички собир годинава ќе настапат Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид, КУД „Пере Тошев“ од Прилеп, Градскиот хор „2019“ од Штип, КУД „Никола Бадев“ од Кавадарци, Тамбурашкиот оркестар „Серенада“ од Тетово, КУД „Илинден“ од Струга и „Распеани гевгеличани“.

Настапот на учесниците е предвиден за од 19 часот на платото пред Центарот за култура со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Манифестацијата финансиски е поддржана од Министерството за култура, како активност насочена кон обновување на старите градски музички традиции. Фестивалот „Охридски староградски средби“ е основан со цел афирмирање на вредностите на староградскиот мелос, но и зачувување на музичките посебности и песни карактеристични за градовите во Македонија кои со децении се препејувале и на тој начин пренесувале низ генерациите.

Прв пат „Охридските староградски средби“ беа одржани во 1975 година и манифестацијата традиционално се одржуваше секоја година до 1996 година. После 11-годишен прекин манифестацијата беше обновена, со цел продолжување на охридското културно лето.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање