Одбележување 10 години од Форумот на словенски култури

Од:

Република Македонија денеска ќе биде домаќин на одбележувањето 10 години од постоењето на меѓународната фондација „Форум на словенски култури“. Одбележувањето ќе опфати повеќе настани во Македонскиот народен театар.

Ќе почне со трет музејски семинар насловен „Театарската музеологија во 21 век“, на кој присутните ќе ги поздрави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е и претседател на Управниот одбор на Форумот на словенски култури.

Семинарот е посветен на музејската дејност и ќе бидат разменети мислења и ставови на театролозите, музеолозите и културолозите од земјите-членки на Форумот, претставниците на националните музеи во Република Македонија и членови на Македонскиот национален комитет на ИКОМ. Првпат ќе биде доделена и нововостановената награда на Форумот „ЖИВА“ – за најдобра музејска институција.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот, вечер ќе биде отворена изложба „100 години театар во Скопје“ на Музејот на театарски уметности на Србија од Белград, по што ќе следува концерт на музички ансамбли од регионот кои ќе го презентираат нематеријалното културно наследство на земјите-членки на Форумот.

– Република Македонија како една од земјите-основачи на меѓународната фондација „Форум на словенските култури“ во овие десет години даде особен придонес во решавањето на заедничките предизвици со кои се соочуваше оваа еминентна организација, чија цел е зачувување на културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки, соопшти Министерството за култура.

Одбележувањето на еднодеценискиот јубилеј почна во април годинава кога Архивот на Република Македонија беше домаќин на заедничка патувачка изложба „Главните градови на словенските земји преку архивски материјал“, која минатата година беше претставена во седиштето на УНЕСКО. Јубилејното чествување продолжи со заедничка изложба на земјите-членки „Словенските карневали“, која беше претставена во седиштето на УНЕСКО во Париз на одбележувањето на Денот на словенската култура.

Во рамки на долгорочниот проект „100 словенски романи“, кој почна да се реализира со самото основање на Форумот, оваа година со поддршка од Министерството за култура издавачката куќа „Слово“ го преведе и го отпечати романот „Волчја ноќ“ од словенечкиот писател Владо Жабот.

Би можело да ве интересира

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“