„Од Моцарт до мобилните телефони“ во рамки на „Мајски оперски вечери 2013“

Од:

Во рамки на манифестацијата Мајски оперски вечери утре ќе биде промовирано делото „Од Моцарт до мобилните телефони“ на продуцентот Крсто Скубев.

Книгата е културолошка студија за влијанието на мас медиумите во обликувањето на музичкиот производ и одразот врз консументите.

Според рецензентот Александар Прокопиев, вредноста и актуелноста на ова дело се во специфичната согледба на авторот кој успеал во оваа културолошка тема за најуниверзалната, најраспространетата и најконсумирана уметност да го извлече есенцијалното од односот дело – публика низ историските периоди, од почетоците па сè до најновата епоха, која може да се означи како мас-медиумска.

Скубев е дипломиран продуцент на Факултетот за Драмски уметности – Скопје и м-р по културологија.

„Од Моцарт до мобилните телефони“ е во издание на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, а ќе ја промовираат проф. д-р Александар Прокопиев-рецензент и музикологот Марко Коловски.

Би можело да ве интересира

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ вечер во МОВ

Ана Ололовска

Операта „Лучија од Ламермур“ на 15 мај

Ана Ололовска

Мајски оперски вечери: Промоција на монографијата за Зина Креља и изведба на „Турандот“

Ана Ололовска

Почнуваат 46. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска

Со „Аида“ вечер ќе бидат затворени 45. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска