Објавени се добитниците на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

Од:

Министерството за култура денеска соопшти дека Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на својата последна седница донел одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година.

Добитници на наградата во областа на културата и уметноста за 2025 година се актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот акад. Божин Павловски.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Свеченото врачување на наградите ќе се одржи на 23 октомври во 12 часот, во Собранието.

Би можело да ве интересира

Добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ се Витомир Митевски, Живоин Глишиќ и Беди Ибрахим

А1он

Свечено врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025

Во Собранието доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

Доделена државната награда „11 Октомври“ – признание за животно дело во дејности од јавен интерес

А1он

Доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов ја добија државната награда „Мајка Тереза“

А1он

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025