Објавени проектите кои добија поддршка од Министерството за култура за 2017-та

Од:

Министерството за култура на својата веб-страница www.kultura.gov.mk ги објави проектите кои се содржани во годишните програми на националните установи за 2017 година, како и проектите поддржани на годишните конкурси по одделни области и активности од културата за 2017 година.

Има проекти од национален интерес од областа на музичко-сценската дејност, каде се поддржани голем број концерти и изведби, како и меѓународни манифестации од музичко-сценски карактер; во издавачката дејност ќе бидат публикувани дела кои се значајни за македонската култура и наука, во визуелната дејност се поддржуваат проекти и изложби на националните установи, во драмската дејност се очекува зголемена продукција на претстави, а и оваа година ќе има промоција на македонската култура во странство. Продолжува и поддршката на проектите од областа на заштитата на културното наследство.

Буџетот за 2017 година на Министерството за култура е 4 милијарди денари и во споредба со минатогодишниот е зголемен за 15,43 проценти. Програмските средства изнесуваат 893.367.000 денари.

Покрај завршувањето на неколку значајни капитални проекти, како изградба на нови објекти наменети за институциите од културата, ќе продолжат и стимулативните мерки – откупот на ликовни дела и скулптури од галериски формат, поддршката за создавање композиции од народната и од забавната музика, како и дела од класичната музика. Предвидени се и средства за мерките за валоризација на трудот на уметниците, меѓу кои се исплатата на надомест на национален уметник и за национални пензии во културата.

Поддршка од Министерството за култура и оваа година ќе имаат традиционалните манифестации, како „Топол културен бран”, „Град на културата”, „Културно лето, културна зима“, чија цел е заживување на културата и во помалите градови низ државата.

– Министерството за култура со зголемен интензитет продолжува со рамномерниот развој на сите дејности од областа на културата, збогатување на културната понуда во нашата држава, унапредување на статусот на авторите и уметниците, подобрување на условите во кои тие работат и творат, стимулација на творештвото, негување на вредностите на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија, истакнуваат во Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат