Објавена програмата за годинашниот ОФФ фест

Од:

Една недела пред почетокот на јубилејното, петнаесетто по ред издание на OFF-Фест, кој во организација на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи од 27 до 30 мај, објавени се имињата на годинашните ѕвезди.

Годинава ОФФ фест ќе ги однесе слушателите на магично музичко патување низ пространствата на Африка, Северна и Јужна Америка и Европа. Програмата е раскошна и ќе претстави седум извонредни изведувачи и групи: пионерот на „french touch“, светскиот џез-хаус хитмејкер St Germain, неприкосновениот крал на поезијата и рапот, американецот Saul Williams, легендата на „хајлајф“ Pat Thomas & Kwashibu Area Band, глобалните португалски денс-херои Batida, страствените италијанци Canzoniere Grecanico Salentino, шармантната чешка виолинистка и пејачка Iva Bittova и виртуозната гитаристка и пејачка, бразилката Badi Assad.

Во рамките на петнаесеттото издание ќе биде прикажан и документарниот филм „Кој е хајлајф?“ (Who is Highlife?), чија проекција во недела, 29 мај во 20 часот во Киното Фросина ќе биде бесплатна за посетителите.

Јубилејот на фестивалот ќе биде пригодно одбележан и со мултимедијална изложба која ќе ги претстави најзначајните моменти од петнаесетгодишната историја на ОФФ-Фест. Отворањето на изложбата е закажано за 27 мај, пред настапот на Ива Битова, во галеријата на Младинскиот културен центар, а посетителите ќе можат да ја погледнат до завршувањето на фестивалот, односно до 30 мај.

Би можело да ве интересира

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска

Македонска вечер за почеток на Offest

Ана Ололовска