„Новогодишна сказна“ – двојазична сликовница за деца со оштетен вид

Од:

Здружението „Свет на Различни а Еднакви“ објави инклузивна сликовница за деца со оштетен вид на македонски и на албански јазик – „Новогодишна сказна“ од Гордана Симоновска-Момироска, поетеса за деца и млади и хуманист.

Препевот на стиховите од македонски на албански јазик е на поетесата Пунторие Муча Зиба, илустрациите се на Наско Џорлев, а на Брајовото писмо сликовницата ја подготви Тони Пајдаков, секретар на Здружението на слепи лица во Велес.

– „Новогодишна сказна“ е материјалчно поддржана од повеќе институции и донатори. Рецензент на проектот е Горјан Петревски, а јазичната редакција на универзитетската професорка Гордана Алексова, соопшти Здружението „Свет на Различни а Еднакви“.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид

Ана Ололовска

Апликацијата со која слепите лица пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа достапна и на албански јазик

Ана Ололовска

Коалиција Менуваме: Неопходни се полигони за децата и лицата со оштетен вид

Слепите лица и лицата со пречки во видот добиваат бесплатна дигитална алатка – Аудио читач “Кико”, достапна на македонски јазик, применлива без интернет поддршка

Ана Ололовска

Национален сојуз на слепи: Еднаш годишно направете офталмолошки преглед

Ана Ололовска

Здружението на слепи лица во Штип со проект за надминување на предизвиците од коронакризата

Ана Ололовска