Нови 550 книги за кумановската библиотека „Тане Георгиевски“

Од:

Библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово набави нови 180 наслови или околу 550 книги од различни жанрови. Книгите се набавени од различни издавачки куќи од Македонија.

– Набавена е литература по слободен избор од сите области. Набавени се најновите изданија кои можеа да се најдат на годинашниов саем на книгата и за кои постои интерес кај читателите, кои ќе имаат можност да уживаат и во дела од преведената светска литератрура која е мошне актуелна, изјави директорката на библиотеката Нада Ивановска.

Освен книги на македонски јазик, набавени се и дела на албански и српски јазик. За набавката на книгите, библиотеката одвои 200.000 денари.

По техничката обработка на книгите, читателите од Куманово ќе имаат можност да позајмат нови дела. Со книжевниот фонд од околу 190.000 примероци, кумановската библиотека е меѓу најбогатите во земјава.

И во текот на летото, како што рече Ивановска, нема осцилации во однос на посетеноста на библиотеката и на одделението за возрасни и на детскиот оддел. Учениците, основците и средношколците бараат лектири, но се бараат и популарни дела по слободен избор.

– Најмногу се чита белетристика и последниве години расте бројот на читатели, затоа постојано го збогатуваме фондот на библиотеката, рече Ивановска. Додаде дека дневно библиотеката ја посетуваат околу двесте читатели.

Би можело да ве интересира

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ