Нова летна културна манифестација во Охрид

Од:

Културната понуда на Охрид летово ќе биде збогатена со манифестацијата Летните уметнички ноќи на улица „Самоилова“ што во текот на јули и август ќе се одржува секоја вечер во просториите на Културно информативниот центар „Култура 365“.

Заинтересираните уметници можат да се пријават во „Култура 365“, а настанот е осмислен така што секој од нив ќе можат да се претстават со програма и изведба според сопствената замисла.

Иницијатори и организатори на новата културна манифестација се Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Мишо Јузмески, директорот на „Култура 365“.

Културно-информативниот центар „Култура 365“ што во јуни годинава ќе ја прослави осмата година од своето постоење, во своето досегашно дејствување беше домаќин на бројни македонски уметници, но и на творци од Албанија, Романија, Холандија, Словачка, Италија и Црна Гора.

Најновата културна манифестација е во насока на промоцијата на македонски и уметници од други земји, како и збогатување на културниот живот во Охрид со нови уметнички содржини.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ